Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фершпед стана доминантен сопственик на Лотарија на Македонија АД Скопје

Фершпед стана доминантен сопственик на Лотарија на Македонија АД Скопје
Шпедитерскиот гигант Фершпед, кој деновиве е во фокусот на јавноста со случувањата во компанијата, битка за превласт меѓу досегашните фронтмени Штерјо Наков и Кираца Трајковска, во меѓувреме стана мнозински сопственик на Лотарија на Македонија АД Скопје. ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје извести дека на ден 13.12.2013 година, ФЕРШПЕД АД Скопје преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје се стекна со 10.125 акции од ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје  кои беа во сопственост на Фондот за ПИОМ. Со оваа трансакција учеството  на ФЕРШПЕД АД Скопје  во основната главнина  на ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје  е 57,93%.      
Слично

Поврзани вести