ФЕРШПЕД СО ДОБРИ БРОЈКИ ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ - нето добивката ја зголеми за 28 отсто
Пораст на приходите и на профитот за првите три месеци од годинава објави компанијата Фершпед.
За периодот јануари-март 2021 година Фершпед оствари позитивни финансиски резултати. Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2021 година изнесува 21.232 илјади денари, или 344.000 евра, соопшти компанијата во образложението на својот финансиски извештај објавено на Македонската берза.
Додека, пак, како што се гледа од Билансот на успех, нето добивката што во првиот квартал од годинава ја остварила најголемата македонска шпедитерска компанија изнесува 306.000 евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за 28 проценти.
Остварените вкупни приходи за период
Јануари-Март 2021 година изнесуваат 939.364 илјади
денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2020
година бележат пораст од 27 проценти, вели компанијата во образложението на својот финансиски извештај.
Оперативните приходи изнесуваат 969.188 илјади денари и истите бележат пораст од 31 процент во однос на оперативните приходи за истиот период од 2020 година.
Финансиските приходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.
Вкупните расходи за период Јануари-Март 2021 година се во износ од 948.157 илјади денари и истите имаат пораст за 32 отсто во однос на вкупните расходи за истиот период 2020 година.
Оперативните расходи за период Јануари-Март 2021 година изнесуваат 947.956 илјади денари и истите имаат зголемување за 32 отсто во однос на истиот период во 2020 година.
Финансиските расходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.
Н.Н.Ф.
