Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фершпед“ си донесе свои директори во „Лотарија на Македонија“ АД Скопје

„Фершпед“ си донесе свои директори во „Лотарија на Македонија“ АД Скопје
Откако во декември „Фершпед“ стана мнозински сопственик во Лотарија на Македонија АД Скопје, сега се промени и составот на Одборот на директори на Лотаријата. Така Лотарија на Македонија АД Скопје ја извести Македонска берза дека по извршените промени, Одборот на директори на ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје е составен од следните членови: -       Драган Наков- Претседател на Одборот на директори, Неизвршен Независен член, -       Митко Димов- Извршен член на Одборот на директори, -       Тодор Сејзов-Неизвршен член на Одборот на директори. Промените веќе се запишани во Трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Македонија. Шпедитерскиот гигант Фершпед кон средината на декември преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје се стекна со 10.125 акции од ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје  кои беа во сопственост на Фондот за ПИОМ. Со оваа трансакција учеството  на ФЕРШПЕД АД Скопје  во основната главнина  на ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје  се зголеми на 57,93%
Слично

Поврзани вести