Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фершпед прикажа загуба од 1,5 милион евра!

Фершпед прикажа загуба од 1,5 милион евра!
Групацијата Фершпед минатата година остварила загуба од нешто повеќе од 1,5 милиони евра, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран финансиски извештај за компанијата за 2013-та година, објавен на Македонската берза. Претходната 2012-та година компанијата остварила добивка од 1.442.569 евра. - Групата Фершпед АД Скопје во период јануари – декември 2013 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, и покрај тоа што поголем број од друштвата покажуваат позитивни финансиски резултати, стои во образложението од Фершпед. Според извештајот, приходите мината година во споредба со претходната 2012-та бележат зголемување. Оперативните приходи бележат раст од 5 %, но растот на оперативните расходи е поголем за 4 индексни поени од растот на оперативните приходи што доведува до оперативна загуба. Ако во 2012-та Фершпед оставрил приходи од 75.900.130 евра приходи, лани сумата е зголемена на 79.454.341 евра. На расходната страна според извештајот има зголемување, односно ако во 2012-та година расходите на компанијата биле 74.297.658 евра, лани трошењата се зголемени на 80.707.170 евра. Во делот на приходите лани споредено со 2012-та година , постои зголемување на приходите од продажба на домашен пазар. Така ако во 2012-та приходите по овој осно биле 56.673.349 ерва, лани изнесувале 66.106.065 евра. Од друга страна податоците покажуваат намалување кај приходите од продажба на странски пазари, кои во 2012-та година изнесувале 17.736.731 евра, а во 2013 –та година се намалени на 12.462.650 евра. - Остварените консолидирани продажби за период јануари – декември 2013 година бележат пoраст од 6% во однос на остварените продажби во 2012 година. Структурата на консолидираните продажби е следна : продажбата на домашен пазар учествува со 84% а на странски пазар со 16% каде во однос на минатата година има зголемување на продажбата на домашен пазар за сметка на странскиот пазар, стои во образложението до Фершпед. Од друга страна во делот кај расходите, зголемување има кај ставката потрошени материјали, ситен инвентар и услуги, трошоци за вработените. Во делот кај финансиските приходи и расходи е забележано намалување. - Финасиските приходи како и финансиските расходи бележат пад, првите скоро за половина, а вторите за 23%. Поголемиот пад на финансиските приходи од падот на финансиските расходи доведува до зголемување на загубата, односно загубата од редовно работење како и нето загубата, стои во образложението од Фершпед. Според Билансот на состојба капиталот на Фершпед лани изнесувал 60.701.772 евра, за разлика од 2012-та кога сумата била 53.593.479 евра. Во оваа ставка, акционерскиот капитал во 2012-та година изнесувал 10.795.886 евра, а минатата година 10.773.479 евра. Зголемување има кај малцинскиот удел кој од 1.750.048 евра во 2012-та година, лани е зголемен на 3.836.325 евра. Побарувањата од купувачите изнесуваат 13.631.886 евра, за разлика од од 2012-та кога сумата била 14.411.918 евра. Намалување е регистрирано кај обврските кон добавувачи и останати обврски. Ј.С
Слично

Поврзани вести