Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фершпед“: паѓаат приходите од продажба 5 години по ред, растат трошоците за камати

„Фершпед“: паѓаат приходите од продажба 5 години по ред, растат трошоците за камати
Приходите на „Фершпед“ паѓаат пета година по ред, сега се пониски за 35 милиони евра од 2011 година. „Фершпед“ за првите девет месеци за финансиски расходи – пред се камати платил околу 500.000 евра, 141.000 евра повеќе од 2014 година. Во истиот период финансиските приходи се намалуваат во континуитет со исклучок на една година Приходите на „Фершпед“ најголемата македонска шпедиција паѓаат во континуитет пет години по ред, покажува споредбата на податоците од деветмесечните биланси на успех што ги објавува компанија на интернет страницата на Македонската берза. Приходите од продажба на „Фершпед“ во првите девет месеци годинава изнесувале 2,17 милијарди денари (35,23 милиони евра) и се за за 36 отсто помали од приходите од продажба, пред пет години, во 2011 година. Тогаш во првите девет месеци од годината приходите од продажба на оваа шпедитерска компанија изнесувале 3,4 милијарди денари (55,2 милиони евра) и биле најголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2012, 2013, 2014 и 2015 година. Споредбата на податоците за приходите од продажба остварени на домашен пазар покажуваат уште поголеми разлики. Годинава, во првите девет месеци приходите од продажба на оваа компанија се 2,04 милијарди денари, а во споредба со 2011 година се пониски за 40 отсто односно за 1,25 милијарди денари (околу 20 милиони евра). Во споредба со истиот период лани годинава приходите на „Фершпед“ се намалени за над 2 милиони евра. Најдрастичен пад на приходите од продажба на домашен пазар има меѓу 2011 и 2012 година како и во наредната 2013 година кога „Фершпед“ губел последователно 400 милиони денари, па 300 милиони денари од својот промет во претходната година во периодот јануари-септември. Поединечно меѓу два периоди најголем пад има во лани во однос на 2013 година кога приходите од продажба на домашниот пазар паднале за 530 милиони денари. Во анализа на причините за постојаниот пад на приходите од продажба на оваа голема домашна компанија доминантно е учеството на два фактори и тоа: прво, намалување на обем на економска активност на големите клиенти пред се компаниите од челичарскиот бизнис во Македонија и намалениот обем на нивни нарачки за шпедитерот. И второ зголемена конкурекција пред се на домашниот пазар на сегментот на кој „Фершпед“ претходно не бил многу присутен и веројатно е потребно повеќе време за да навлезе и да освои и утврди позиција пред се кај помали клиенти. Очекувано дека и расходите на компанијата во континуитет се намалувале заради намалува на приходната страна. Тие во периодот од 2011 година до 2015 година се намалиле за 1,17 милијарди денари (безмалку 20 милиони евра). fersped   Многу е важно да се има во предвид тоа што значајни негативни поместувања кај ставките финансиски приходи и финансиски расходи. Во 2011 година „Фершпед“ во првите девет месеци имал финансиски расходи од 28,2 милиони денари од што најголем дел се расходи за камати. Во 2015 година тие расходи за првите девет месеци биле на ниво од 31,5 милиони денари (околу 500.000 евра). Силна тенденција на раст на овие расходи е забележлива од 2013 година кон 2014 година и од лани кон годинава. Кај финансиските приходи пак тенденцијата е спротивна. Компанијата има пониски финансиски приходи и тие се со тенденција на намалување од 2013 година до сега. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести