Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фершпед нема да ја распределува акумулираната добивка

Фершпед нема да ја распределува акумулираната добивка
Акумулираната нераспределена добивка останува нераспределена и ќе се користи за натамошни деловни цели на друштвото и интересите на акционерите, соопшти деновиве преку Македонската берза, компанијата Фершпед. Ваква одлука била донесена на вонредното акционерско собрание што се одржа на 10-ти овој месец. Дел од одлуките кои беа изгласани на собранието, се изменување на статутот на друштвото, одлука за отповикување на членот на Надзорниот Одбор Кираца Трајковска, одлука за избор на нов член. Новиот член на Надзорниот Одбор е Љубомир Давидовиќ, чиј што мандат ќе трае до месец март 2019 -та година. Преку соопштение на Македонската берза, Фершпед АД Скопје извести дека новоизбраниот член на Надзорен одбор Љубомир Давидовиќ не поседува директно акции во друштвото. -На собранието се разгледуваат точките,меѓу кои и таа за отповикување на членовите, по редослед што нив им одговара, односно со поединачно изјаснување, при што само ја разрешија Трајковска, и наместо неа го ставија Давидовиќ кој порано работел во Макпетрол, а другите останаа исти. Јас во име на овие 15% акции што ги застапувам гласав за отповикување на сите членови на одборот. Но остана нејасно зошто нашиот предлог да се свика вонредна седница што беше уредно доставен не беше воопшто раглзедан ниту имаме одговор, тие постапиуле по предлогот на Трајковска. Бев надгласан за сите точки и не можев ништо да обезбедам реална правна заштита околу принципот на гласање. Бидејќи по сите точки гласав против, на мојата реакција зошто нема дивиденда и дали утврдиле дека вкупниот износ на дивиденда е помал или минорен во однос на резултатите од работењето на оставрената награда на членовите на Надзорниот Одбор за 2012 година изнесува над половина милион евра.Се надевам дека нотарот ги внесе овие забелешки бидејќи тие се основа за понатаму да превземаме останати правни средства, вели адвокатот Венцислав Гушев, застапник на странскиот фонд Квест инвестментс, Војвводинска банка, Драгослав Димевски и неколку помали акционери. На вонредното акционерско собрание Штерјо Наков повторно ја доби довербата на акционерите и остана член во Надзорниот Одбор на Фершпед. Дали Наков и понатаму ќе остане претседател на Одборо допрва ќе се одлучува. Иако иницијатор за свикување на собранието беше Трајковска, таа не присуствуваше.  Адвокатот Гушев најави преземање на сите правни средства со цел да ги оспори одлуките донесени на собранието. Истакна дека останува на ставот независна ревизорска куќа да изврши ревизија на работата во најголемата шпедитерска компанија во земјава -Фершпед. Штерјо Наков со синовите сега има 25% од акциите во Фершпед, додека Кираца Трајковска преку Консалтинг инвестментс син ДОО само 11,9 проценти. Други поголеми акционери се Драгослав Димевски со 5%, странскиот фонд Квест инвестментс со 2,8 %, осататокот од акциите го поседуваат помали акционери во компанијата. Битката за превласт во Фершпед почна на почетокот на месец декември минатата година, кога Трајковска преку јавно писмо го обвини Наков за незаконско работење, притисок врз акционерите и обезвреднување на акционерскиот капитал. Обвинувања на адреса на Наков упати и адвокатот Гушев, кој обвини дека компанијата делела милионски позајмици кои никогаш не биле вратени. Наков ги отфрли обвинувањата и изјави дека компанијата работи законски. Во периодот додека траеше битката за превласт акциите на компанијата кон крајот на 2013 година, од 1000 евра по акција, стигнаа и до 3000 евра. Ј.С.
Слично

Поврзани вести