Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фершпед“ го намалува бројот на членови во Надзорниот одбор

„Фершпед“ го намалува бројот на членови во Надзорниот одбор
По предлог на Сашо Наков, еден од најголемите акционери во „Фершпед“ и син на Штерјо Наков, Управниот одбор на компанијата донел одлука за промена на Статутот, ја информираше „Фершпед“ Македонската берза. Првата измена е намалување на бројот на членови во Надзорниот одбор на компанијата од 6 (шест) на 4 (четири) члена. Наков ваквата иницијатива ја објаснува со „обезбдедување на поефикасно и поекономично работење на Надзорниот одбор“. Освен ова еден од најголемите акционери предложил во Статутот да се појасни дека претседателот на Управниот одбор истовремено е и генерален директор на компанијата, додека заменик-претседателот на Управниот одбор е истовремено и заменик-директор. Ваквото појаснување, според Наков, е неопходно „заради прецизирање на надлежностите и обврските на именуваните лица и нивниот деловен статус“. Управниот одбор на компанијата ја прифатил иницијативата на Наков за измена на Статутот и предлог-одлуката ќе ја поднесе на усвојување на Годишното собрание на акционери на „Фершпед“ кое е закажано за 25 април.  
Слично

Поврзани вести