Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фершпед: Акционерите на компанијата да бидат единствени и заеднички да ги поддржат деловните активности

Фершпед: Акционерите на компанијата да бидат единствени и заеднички да ги поддржат деловните активности
Во врска со последните објави дека пукна тиквата во Фершпед, односно дека Кираца Трајковска, која е потпретседател на Надзорниот одбор и акционер во компанијата се сврте против Штерјо Наков, вчера од компанијата се огласија со официјално соопштение објавено на Македонската берза. „Сакаме да ја информираме јавноста и акционерите дека како и во досегашната пракса на закажување и одржување на седници на собрание на акционери, секогаш се пристапувало на начин кој процедурално го пропишува законот, а самите акционери доброволно и по сопствено убедување ги остварувале своите акционерски права. Така, акционерските собранија во досегашното свое работење бележат перманентен успех во одржувањето без ниту еден проблем , на општо задоволство. Сакаме да ги информираме акционерите на компанијата дека во архивата на друштвото примено е писмено барање на еден од поголемите акционери, за свикување и одржување на вонредно акционерско собрание. Во согласност со одредбите од законот и статутот на друштвото, веднаш е пристапено кон припрема на седницата на собранието. Објавата за одржување на седницата на вонредното собрание на акционери заедно со дневниот ред ќе биде направена кога за тоа ќе бидат добиени предлози од акционерот кој е иницијатор за свикување на вонредната седница. Се повикуваат акционерите на компанијата на единство и заедништво, поддршка на деловните активности и одлуки кои како и досега ја носеле компанијата само кон најуспешните во земјава и надвор од неа“ - се вели во соопштението на Фершпед. Инаку, Трајковска вчера преку писмено соопштение јавно ги облодени проблемите во компанијата, и несогласувањата со Наков. Во писменото обраќање, таа наведе дека пред неколку дена до Управниот одобор поднела барање за вонредно Собрание на акционери на Фершпед.    
Слично

Поврзани вести