Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ферари вози кон најдобрите резултати во историјата

Ферари вози кон најдобрите резултати во историјата

Познатиот произведувач на автомобили Ферари е на пат да оствари рекордна нето добивка во историјата на комапнијата, според објавените квартални податоци.

„Рекорден втор квартал отвара пат за уште една рекордна година“, се наведува во краткото соопштение на произведувачот на луксузни автомобили.

Нето добивката во три месеци, заклучно со јуни годинава, пораснала за 29 отсто на 97 милиони евра (88,6 милиони долари) на приход кој е зголемен за 5,9 проценти, на 811 милиони евра.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предувидувале нето добивка од 85 милиони евра и приход од 785 милиони, според податоците кои ги собрала агенцијата Фактсет.

Ферари испорача 2214 возила во второто тримесечие, или за осум отсто повеќе од истиот квартал во 2015.

Само во Кина продажбата на Ферари скокнала за 26 проценти, на 160 единици.

Компанијата сега проценува дека ќе продаде повеќе од 8000 возила во текот на цела година и дека ќе генерира приход поголем од три милијарди евра.

Акциите на Ферари, кои во пресрет на објавата на бизнис резултатите се тргувани на ниско ниво на Миланската берза, скокнале за 1,7 проценти на 41,17 евра во доцните попладневни часови, спротивставувајќи му се на трендот на нагло слабеење на вкупниот пазар.

Слично

Поврзани вести