ФЕНСКА БУРА: Далмација ја погоди чуден феномен, не се дишело
Во петокот повторно беа измерени екстремно високи температури на воздухот во Далмација, која беше најтоплиот дел од Хрватска. Според податоците најтопол град во Хрватска бил Книн со највисока дневна температура од 39,2 степени.
Умерена бура со силни налети дувала синоќа долж брегот. Бурата го исушила воздухот, но во многу области донела забележителен пораст на температурата на воздухот затоа што имала сличен ефект на вентилатор. Во 23:30 часот, во Башка Вода биле измери неверојатни 34 степени. Станува збор за феномен кој е наречен фенска бура за кој се предвидува дека ќе трае и викендов за кога с еочекуваат рекордни температури. Топлината ќе трае до средината на следната недела кога се очекува студен бран што ќе донесе помал пад на температурата на воздухот.
