Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕНИ ќе се реконструира и бара нови сопственици

ФЕНИ ќе се реконструира и бара нови сопственици

ФЕНИ треба да добие нов инвеститор кој ќе ги преземе обврските кон доверителите во износ од 60 милиони долари, од кои 40 се кон трите банки Комерцијална, Стопанска и Силк Роуд, а останатите 20 кон добавувачи. За да се реализира успешно реконструирање на комбинатот за фероникел банките поднесоа барање до надлежниот суд за стечајна постапка. Во игра се две сериозни компании кои се бават со производство и дистрибуција на фероникел како и бугарската Енекод која веќе е во игра, но не покажа сериозни чекори за преземање на ФЕНИ.

Актуелните сопственици Кунико подолг период ги користеле средствата од производство и резервите за да ги покриваат тековните обврски, но со тоа сториле злоупотреба бидејќи банките не биле известени за вистинската состојба.

Кунико исто така иако бил обврзан да ги извести банките и да добие нивно одобрување за избор на новиот сопственик тоа не го сторил. Фирмата Енекод која соопшти дека постигнала договор за преземање на ФЕНИ од страна на Кунико не ги исполниле потребните услови на банките за сервисирање на долгот, ниту пак претставиле одржлив бизнис план кој ќе покаже дека ќе работат во најдобар интерес како на доверителите така и на вработените.

Кунико не поднел завршна годишна сметка што ќе биде предмет на истрага на македонските власти како и за сите потенцијални злоупотреби кои биле сторени. Целта на стечајната постапка е да се направи обид да се најде нов инвеститор кој ќе ја купи ФЕНИ и ќе ги покрие долговите и ќе гарантира дека комбинатот ќе продолжи да работи.

Слично

Поврзани вести