Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук се откажа од акциите кои ги разбеснеа инвеститорите

Фејсбук се откажа од акциите кои ги разбеснеа инвеститорите

Бесот на инвеститорската заедница кон праксата на дел од интернет компаниите со различни основи да го забетонираат сопствеништвото на основачот го натера Фејсбук да се откаже од воведување на третиот курс на акциите кои не носат право на глас на Собранието на акционери.

Најголемата социјална мрежа минатиот петок објави дека се откажува од „реформи“ во акциската стурктура која би му овозможила на основачот Марк Цукенберг да го продолжи својот план за донирање на акциите за добротворни цели, но и понатаму да ја одржува контролата врз компанијата.

Тужба на инвеститорите

Да потсетиме, поради минатогодишната одлука за воведување на трета генерација акции на Фејсбук собранието на акционери ја тужеше компанијата. Инвеститорите тврдат како веведувањето на Фејсбуковите Ц акции ќе ги „разредат“ нивните удели и како најавената одлука му оди во прилог исклучиво на Марк Цукенберг. 

Тој, како што се знае, во 2015 најави дека во текот на животот ќе дарува 99 посто од своите акции. Интересно, објавената одлука дошла дури неколку дена пред да се појави Цукенберг пред суд во својство на сведок во таа судска тужба. 

Инаку, воведувањето на повеќе акции се уште е реткост кај американските технолошки компании. 

Од 128 од нив, таква структура имаат само 13.

Другите ќе размислат

Еден од нив е Alphabet чија структура била пример за Фејсбук. Матичната компанија на Гугл има три вида акции-редовна за инвеститори и која носи еден глас за една акција, потоа привилигирана за основачите која донесува поголеми гласачки права и трета без гласачки права. Но, со воведувањето на акции без право на глас Alphabet за возврат ги обештетил акционерите. Според мислење на правни експерти, откажувањето на Фејсбук би можело да ги наведе Uber  и Airbnb чиј излез на берзата допрва се очекува-да размислат добро дали сакаат да издаваат акции без право на глас.


Слично

Поврзани вести