Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фејсбук“ и „Јутјуб“ блокирани во Ирак

„Фејсбук“ и „Јутјуб“ блокирани во Ирак

„Фејсбук“ и „Јутјуб“ како и другите социјални мрежи се недостапни во Ирак, во моментите кога постојат закани дека сунитските милитанти кои се противат на власта би можеле да напреднат кон главниот град.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека добива извештаи дека пристапот до сајтовите во Ирак е проблематичен, со констатација дека тоа ги отежнува работните комуникации на милиони луѓе, што е проблем кој би требало да ја загрижи светската заедница.

Од  „Јутјуб“ исто така потврдуваат дека добиле известувања од поедини корисници дека немаат пристап до сајтот од Ирак и дека нема проблем со технички проблеми на нивната страна.

„Cyber Arabs“ сајтот кој се наоѓа во Либан, а кој се занимава со слободен Интернет во регионот, истакна дека Фејсбук, Јутјуб и Твитер се блокирани во Ирак.

Цитирајќи анонимни извори на Министерството за внатрешни работи на Ирак, кувајтската новинарска агенција  (KUNA) потврдува дека овие и други сајтови се недостапни во Ирак, што би можело да укаже на тоа дека проблемите ги креираат властите во Ирак.

 
Слично

Поврзани вести