„Фејсбук е удобен, нема реплики, нема процедурални забелешки, нема непријатни бројки и аргументи“: Битиќи до министерката Димитриеска - Кочоска
Почитувана министерке за финансии, Гордана Димитриеска - Кочоска, утре ќе дојдете во Собрание или ќе напишете нов статус на Фејсбук за „аргументирање“ на задолжувањето од 260 милиони евра и новата Фискална стратегија 2027-2031?
За да ве охрабрам и мотивирам, ќе бидам транспарентен однапред, ќе ве пречека и едно дополнително прашање на кое ќе треба да дадете одговор: дали со вашата објава на Фејсбук веќе ја најавивте следната должничка епизода од околу 350 милиони евра за остатокот од еврообврзницата што треба да се сервисира во јуни?
Ова го напиша денеска поранешниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи, по викенд поканите и препукувањата меѓу неговата партија и министерката за финансии.
- Ако аргументите и бројките се на ваша страна, тогаш утре изнесете ги таму каде што се носат одлуките за парите на граѓаните, во Собранието.
Знам дека не ви е навика често да ги браните економските политики пред пратениците. Но кога се бараат стотици милиони евра и кога буџетската недисциплина на Владата треба да се претстави како нормална политика, тогаш не се испраќа покана за кафе во Министерството за финансии. Тогаш се доаѓа во Собрание и се одговара пред оние што имаат уставна обврска да вршат контрола над вашата работа.
Фејсбук е удобен, нема реплики, нема процедурални забелешки, нема непријатни бројки и аргументи, но граѓаните не ги избраа пратениците за читаат ваши статуси на социјалните мрежи, туку за да бараат одговори во нивно име - нагласува Битиќи.
Слично
