„FedEx“ ја купува холандската „TNT Express“ за 4.8 милијарди долари
Во вторникот „FedEx Corp“ објави дека цели кон тоа да ја купи холандската компанија за испорака на пакети „TNT Express“ за околу 4,4 милијарди евра (4,8 милијарди долари), за да застане на европскиот пазар, објави „The Wall Street Journal“.
„FedEx“ и „TNT“ изјавија дека договорот, кој ќе биде целосно во кеш, во голема мера е сигурен и била одобрена од одборот на холандската компанија. Понудената цена од 8 евра по акција претставува премија од 33% над цената на акциите на TNT од 2 април.
Компаниите изјавија дека обединувањето ќе ги трансформира европските можности на „FedEx “ и ќе го забрза светскиот нејзин раст. Тие исто така велат дека се убедени дека сите антимонополски грижи можат да бидат решени на соодветен начин навремено.
Договорот доаѓа две години откако очекуваното голтање на „TNT“ од конкурентската „US United Parcel Service Inc. пропадна поради антимонополски прашања. Холандската фирма се обидува да се натпреварува со големите ривали, вклучувајќи го и „FedEx“.
Претседателот и извршен директор на „FedEx“ Фредерик Смит рече дека договорот ќе и овозможи на американската компанија "брзо да се прошири нашето портфолио на меѓународни транспортни решенија, за да ги искористиме трендовите - особено на постојано растечката светска електронска трговија".
Во соопштението се вели дека „PostNL NV“, која има удел од 14,7% во „TNT“, планира да ја поддржи понудата.
