Фед: Раст на економијата на САД во септември
Во септември економијата на САД остварила благ раст, наспроти слабата лична потрошувачка, покажува извештајот на американската Управа на федерални резерви. „економската активност забележала скромен раст во однос на последниот извештај“ од пред шест недели, пишува во извештајот на ФЕД. Најновиот извештај говори дека во речиси сите 12 региони на САД „продолжен е скромниот раст“. Посилниот пазар на недвижности влијаел на поттикнување на економскиот раст од средината на август, а личната потрошувачка сочинува околу 70 отсто од економската активност во најголемата светска економија.
Слично
