Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕД ја зголеми камататата за половина процентен поен, истовремено намалувајќи ја и прогнозата за раст

ФЕД ја зголеми камататата за половина процентен поен, истовремено намалувајќи ја и прогнозата за раст

Американската централна банка (ФЕД) ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, побавно во однос на претходните зголемувања, но со предупредување дека се уште не е време да се запре и дека стапката треба да надмине 5 отсто.

Каматната стапка сега е во опсег од 4,25 до 4,50 отсто, соопшти ФЕД.

Ова е највисокото ниво од 2007 година. Банката сега предвидува дека инфлацијата ќе забави до 3,1 отсто само во 2023 година, во споредба со претходната прогноза од септември кога се предвидуваше дека инфлацијата ќе падне на 2,8 отсто.

Банката на федерални резерви, исто така, драстично ја намали својата прогноза за раст на земјата за 2023 година, која сега очекува да биде 0,5 отсто, што е намалување од претходно очекуваните 1,2 отсто.

Првиот човек на ФЕД потврди дека може да продолжи зголемувњето на стапките и следната година - што значи повисоки трошоци за задолжување за потрошувачите.

Но, тоа исто така значи дека заштедите може всушност да почнат да заработуваат малку повеќе пари по години и години кога имаше очајна заработа и едвај имаше интерес.

Тамошните експертите велат дека има многу начини со кои може гаѓаните да се имаат корист од зголемените стапки и да се заштитат од трошоци.

Слично

Поврзани вести