ФБИ го уапси најомразениот бизнисмен во светот
Поранешниот директор на фармацевската компанија „Ретрофин Инг“ , со албанско-хрватско потекло, Мартин Шкрели уапсен е под обвинение за измама, соопшти Федералното истражно биро на САД (ФБИ).
Шкрели предизвика бура од негативни реакции во светот, откако ја зголеми цената на спасоносниот лек за пациентите заразени со ХИВ , за како што велат, 5.000 одсто(за 50 пати).
Како што известува АФП, апсењето не е поврзано со енормното зголемување на цената на лекот „Дараприм“ кој се користи за лекување на маларија и ХИВ, туку заради проневера во компанијата „Ретрофин“ на која бил на чело порано.
Тој е обвинет за нелегално земање на акции од Ретрофин, компанија за биотехнологија основана во 2011 година, кои понатаму ги користел за отплаќање на долгови од бизнис договори, неповрзани со компанијата.
Од компанијата Шкрели бил отпуштен во 2014 година, а го тужел управниот одбор. Откако неговиот фонд MSMB Capital изгубил милиони, Шкрели наводно вршел тајни исплати и договарал лажни консултански услуги.
