Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велиу : Колку што е виновна „ВМРО-ДПМНЕ“ толку е виновна и „ДУИ“ затоа што не сме дел од ЕУ!

Велиу : Колку што е виновна „ВМРО-ДПМНЕ“ толку е виновна и „ДУИ“ затоа што не сме дел од ЕУ!

Тече надзорната расправа за искористеноста на ИПА фондовите, каде што „ДПА“ ја обвини „ДУИ“ дека и таа партија со оглед дека е на власт е подеднакво одговорна за тоа дека Македонија не е дел од Европската Унија.

Пратеникот Велиу му се обрати на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими со зборовите „Колку што е виновна „ВМРО ДПМНЕ“ толку е виновна и „ДУИ“ за тоа што не сме дел од Европската Унија“.

Велиу посочи и на малата искористеност на пари во прекуграничната соработка меѓу Македонија, Албанија и Косово.

На овие обвинувања Бесими возврати со образложение дека имало повеќе проекти со тие држави, односно проектите со Косово се 2,4 милиони евра, а со Албанија 3,5 милиони евра.

Слично

Поврзани вести