ФАЗ: Бојко Борисов поставен како главен од Брисел во тргнувањето на ветото за Македонија
Потегот во последен момент на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во средата ја поттикна можноста Бугарија да го крене својот отпор кон отворањето на преговорите за пристап во ЕУ со Северна Македонија, што беше изненадување за повеќето набљудувачи, пишува Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
„Борисов, под чие раководство Бугарија стави вето на Северна Македонија, во средата наутро се појави пред печатот во Софија и објави дека неговата партија „Герб“, најголемата опозициска фракција во бугарскиот парламент, е подготвена да лобира во парламентот за укинување на ветото. Ова соопштение очигледно беше подготвено во деновите на разговори со Брисел“, се анализира во изданието.
Според извештаите, позадината на ова е фактот што бугарскиот премиер Кирил Петков, кој беше соборен со гласање недоверба во средата, не оставил впечаток кај европските партнери во изминатите неколку недели дека може да организира мнозинството за укинување на бугарското вето во парламентот на краток рок, велат информациите на ФАЗ.
„Сепак, имаше голем европски политички интерес за ова, бидејќи генералниот став е дека Украина и Молдавија не можат да добијат статус на кандидати за пристап во ЕУ, ако ништо не се помрдне на Балканот, каде што процесот на проширување е заглавен со години“, генерализира еминентниот весник.
Инаку ратеничките групи на ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание на Бугарија доставија два документи за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, јави известувачот на БГНЕС.
Документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.
