Фатмир Битиќи: Падот во индексот за корупција се должи на големите очекувања
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека, покрај другото, падот на Северна Македонија на 106-то место според Индексот на перцепција на корупцијата се должи на големите очекувања на јавноста.
Во индексот за 2019-та година на „Транспаренси интернешнел“ земјава бележи пад од 13 места. Во 2018-та, „Транспаренси интернешнел“ ја рангирал на 93-то место.
- Очекувањата се големи за побрзо решавање на одредени проблеми. Но има два начини на решавање на проблемот, а тоа е ад-хок решавање и со многу пи-ар за луѓето да ја променат перцепцијата и другото - системското решавање на проблемот, кое е малку побавно и подолготрајно. Ние работиме на системско решавање, рече претпладнево Битиќи во емисијата „Утрински брофинг“.
Вицепремиерот потврди дека во петиот економски пакет на мерки за справување со корона-кризата дека нема да има директна исплата на помош на сметките на граѓаните, како во четвртиот пакет мерки,
- Засега не, но ќе има бришење на камати од стари долгови, кои ги засега оние со најниски приходи, кои за жал влегле во прагот на сиромаштија и не можат да излезат поради таквите долгови, нагласи Битиќи.
Тој рече дека Македонија е една од ретките земји со четири пакети мерки до сега.
