Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатмир Битиќи: Кризниот данок ќе биде 30 отсто од добивката

Фатмир Битиќи: Кризниот данок ќе биде 30 отсто од добивката

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, на денешната прес-конференција појасни дека кризниот данок кој ќе се воведе за 2022 ќе ги даночи големите компании со 30 отсто од добивкката.

Во овие 30 отсто влегува стандардниот данок на добивка од 10 отсто и плус 20 отсто ќе биде дополнителниот данок кој ќе важи само еднократно, односно само за 2022.

Овој еднократен данок ќе се применува за компании кои имале годишен приход од над 10 милиони евра и при тоа ќе го зголемат профитот за повеќе од 20 отсто во однос на претходните четири години.

- Ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра - разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка, појасни Битиќи.

Тој не сакаше да потврди дали, според симулацијата, се работи за 180 компании кои ќе бидат опфатени со данокот на екстра профит, но наведе дека никој не треба да се почувствува како навреден.

- Не сакаме да казниме никого, но праведноста и правичноста мора да биде присутна во секој систем  јасно ќе биде кажано дека овоие средства ќе одат за справување со последиците од кризата. Нема да ги користиме овие пари за што било, ќе ги користиме за справување со криза

Слично

Поврзани вести