Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатени 28 риболовци кои ловат риба без дозвола

Фатени 28 риболовци кои ловат риба без дозвола

Фатени се 28 риболовци како ловат риба без дозвола.

Вонреден инспекциски надзор на риболовниот ревир „Треска 2”, кој се наоѓа на потегот околу вливот на Беличка Река во Треска, како и на рекреативната зона „Акумулација Козјак“ e направен на 13 и на 14 мај, соопштиja од Државниот инспекторат за земјоделство.

При надзорот се фатени 28 лица како вршат рекреативен риболов на клен и крап во време на забрана за лов, без да рекреативна дозвола издадена од концесионерот на рекреативната зона. Најдени се и 9 рибарски мрежи со вкупна должина над 500 метри.

Неопходно е риболовците да го почитуваат Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти од истиот, како и да се придржуваат на забраните за риболов поради мрестот на рибите, додаваат од инспекторатот.

Слично

Поврзани вести