ФАСЦИНИРАНИ ОД СЕКС СО ЖИВОТНИ, ПРЕСУДИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, АЛКОХОЛИЗАМ: Детали за моралноста на владиката Никанор и други противници на ЕВРО ПРАЈД
Во пресрет на денот
на Евро Прајд, српската јавност ја разбранува силен говор на омраза кон
припадниците на ЛГБТ и нивните права. Направена е и петиција против организирање
на парадата, а дел од личностите кои се жестоки противници на ЛГБТ во јавноста наведуваат
колку се згрозени од настанот, се наведува на социјалната мрежа Редит. Оваа
социјална мрежа истовремено цитира повеќе српски портали, кои пак објавија кои
се најголемите противници на настанот, и кои семејните вредности во нивните
говори ги ставаат на пиедестал, а сите тие, како штои наведуваат далеку се од
морални личности.
1.Ивица Божиќ, познат во Србија како организатор на петицијата против одржување на Евро Прајд и тврдокорен антиваксер, според наводите на „Блиц“ тој и е добро познат на полицијата како лице осудувано за повеќе кривични дела. Има пресуда за семејно насилство, а на листата на кривични дела е и употреба на наркотични средства.
2. Владиката Никанор е осудуван за мобинг, свештенството го обвини и за проневера на пари, алкохолизам и малтретирање на колеги.
3. Веркиот аналитичар Милош Стојковиќ уште во 2017 година сопругата го пријавила затоа што ја тепал, а за ова пишувале Курир, Ало и Еспресо, по што се заканувал и на новинарите.
4. Милица Џурџевиќ Стаменковски имиџот си го изградила напаѓајќи ја ЛГБТ-заедницата, а семејните вредности и злоупотребата на пари се нејзините главни теми. Но порталот Нова.рс веќе објави дека финасиските извештаи на нејзината партија се сомнителни, односно дека дури 500.000 динари се слеале во извесен козметички салон, како и 190.000 динари за хотелско сместување. Освен тоа Б92 пишуваше дека е Стаменковски летово е сиклучена од сообраќај бидејчи возела пијана.
5. Таша Тешановиќ, водител на Балкан Инфо противник на Законот за истополните заедници има многу интересна биографија, посочува Редит, напоменувајќи дека токму тој на оваа социјална мрежа ја споделил негопвата фасцинираност од зоофилските порнофилмови, се соблекувал гол на журки, а им давал и инструкции на луѓето како да фалсификуваат документи за да добијат работа во Кина.
