Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАРМЕР ОД БАЛКАНОТ: Нуди 500 евра, храна и сместување, но никој не се јавува на оглас

ФАРМЕР ОД БАЛКАНОТ: Нуди 500 евра, храна и сместување, но никој не се јавува на оглас

Семејството на Михаел Чалаге(18) од Крешево кај Сараево има фарма и бара работници за кои се нуди плата од 500 евра, храна и сместување, но потрагата по работници оди тешко. 

Михаел е главен на имотот, работи од утро до мрак, и веќе два месеци бара работник. 

Објавил оглас, но кандидати за работа нема. 

„Сите за истата работа плаќаат по 200 евра, а јас нудам по 500 евра и никој не се јавил. Тешко е да се најде овчар, тоа никој не сака да го работи, сите глумат господа. Никој не ми се јави за два месеци ниту да праша за условите“ - вели Чалаге. 

Бидејќи работникот ќе мора да биде на фармата, обезбедено е сместување и храна. 

Сето ова го објаснува ова младо момче кое оди на настава во средно училиште, и плус работи на фармата. 

Тој и претходно тешко наоѓал работници. Вели дека во ерата кога се работи и од дома, тешко е некој да засука ракави и да работи на фарма. 

На многу луѓе сепак им е полесно да ги издржуваат родители, отколку самите да работат. 

Слично

Поврзани вести