Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фармацевтска криза во Грција ако не ги плати долговите за набавка на лекови

Фармацевтска криза во Грција ако не ги плати долговите за набавка на лекови
Во Грција се очекува сериозна фармацевтска криза, откако водечките светски производители предупредија дека ги прекинуваат испораките кон земјата поради ниските цени и неможноста да ги наплатат своите побарувања. Во моментов во Грција стотици лекови многу тешко се наоѓаат или воопшто ги нема во аптеките, меѓу кои се лековите за терапија при артритис, хепатит Ц, антибиотици, психотропни препарати имуномодулатори и други. Во Атина е објавен список со 50 компании кои планираат да ја прекинат својата продажба во земјата, на кој, меѓу другите, се и „Физер“, „Роше“, „Санофи“ и „ГлаксоСмитКлајн“. Меѓународниот Црвен Крст исто така соопшти дека ќе го намали дотурот на крв за Грција. поради истиот проблем - неплатени сметки.  
Слично

Поврзани вести