Фараж до Рама: Еден на секои 50 Албанци во Британија е во затвор, земете си ги дома
Британскиот пратеник, Најџел Фараж, не се воздржа од остри критики во врска со албанските имигранти кои се во Обединетото Кралство.
Тој индиректно му се обрати на албанскиот премиер, Еди Рама, барајќи од него да ги врати сите Албанци осудени за разни кривични дела на британските територии.
Според неговите бројки, „еден од 50 Албанци во Британија е во затвор“, додека понатаму додаде:
„Албанскиот премиер нè критикува за Брегзит и вели дека Британија „е темно место за имигрантите“. Рама тврдеше дека голем дел од она што го кажуваме по Брегзит станало „целосно неприфатливо, целосно смешно“. Ќе ви кажам нешто, господине Рама, дали знаевте дека еден од 50 Албанци во Британија е во затвор? Затоа, покажете малку добра волја и земете ги сите утре, бидејќи ова е лицемерие“.
Меѓу другото, англискиот пратеник ги критикуваше и лидерите на неговата земја за начинот на кој одлучиле да водат имиграциска политика.
