Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАО: Трет месец по ред глобалните цени на храната паѓаат

ФАО: Трет месец по ред глобалните цени на храната паѓаат

Трет месец по ред глобалните цени на храната паѓаат, , благодарение на намалувањето на цената на житариците, кои оваа година очекуваат рекордно производство.

Според соопштението на Обединетите нации, индексот на цените на храната што го пресметува Агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО и кој што ги мери месечните промени во меѓународната потрошувачка кошница, паднал во јули за речиси два отсто.

“Падот на цените на храната од јули, трет месец по ред во голема мерка е поттикнат од падот на цените пченицата, сојата и палминото масло, но и шеќерот, месото и млечните производи“, наведуваат од ФАО.

На годишно ниво индексот паднал за 3,3 отсто.

Слично

Поврзани вести