Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фантомски гласачи и на адреси од државни институции

Фантомски гласачи и на адреси од државни институции

Хаосот со Избирачкиот список продолжува. Нов случај на „фантомски" гласачи е пронајден овој пат на адреса на државна институција. Петнаесет лица била регистрирани како гласачи на булеварот „Илинден”  каде е седиштето на Државната комисија за жалби по јавни набавки, јави НОВА.

Во двоспратната куќа не живее никој и е на располагање на Комисијата, но тие се сместени на првиот бидејќи вториот е руина и нема никакви услови за да преставува работна или животна средина.

Реакциите за нерегуларности во Избирачкиот список, не стивнуваат откако Државната изборна комисија ја промовираше веб-апликацијата за проверка на гласачите.

Граѓани на социјалните мрежи пишуваат за починати, иселени и преполни адреси Избирачкиот список.

На веб-апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список наскоро треба да профункционира новата алатка – за пријавување евентуални грешки на кои ќе наидат граѓаните при обидот да проверат дали се регистрирани како гласачи.

Слично

Поврзани вести