Фанатик визионерот на Голема Србија – Шешељ денеска добива пресуда од Хаг
Денеска српскиот националистички лидер Воислав Шешељ ќе ја слушне пресудата од судот во Хаг. Шешељ е обвинет за воени злосторства, вклучувајќи депортација на десетици илјади Бошњаци и Хрвати и убиството на 905 лица.
Фанатик националистот кој сонува за етнички чиста Голема Србија - така некои го претставија Шешељ неколку дена пред тој да чуе пресудата за воени злосторства во Босна и Хрватска за дело, кое траеше 13 години.
Шешељ е првиот осуден во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, на кого му беше дозволено да не присуствува лично во судницата за сослушувањето на пресудата.
Тој се наоѓа во Србија, откако судот го ослободи во 2014 година, за да се лекува од рак. Потоа одби да се врати во Хаг. За време на третманот, сепак Шешељ, кој се уште е лидер на десничарската „Српска радикална партија“ (Srpska radikalna stranka), не се воздржа од јавни настапи, и покрај изречн услов на судот при неговото заминување.
Осудениот организира голем број националистички манифестации, придружени од груби демонстрации во кои вообичаена дел од програмата е горење на европското, НАТО и хрватското знаме.
Покрај тоа Шешељ ја најави својата намера да се кандидира за пратеник на претстојните парламентарни избори во Србија овој април.
Обвинението
По почетокот на распадот на Југославија паравоената организација на Шешељ, позната како „Бели орли“ е обвинета за убиства, насилство и грабежи на несрпското население во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Кога Милошевиќ уште додека беше жив упорно ги негираше овие тврдења, Шешељ тврдеше дека неговата група добивала секаков вид поддршка - обука, оружје и пари од официјален Белград во раните години на конфликтот.
Шешељ отворено повикува на етничко чистење преку депортации, протерување и размена на население. До денес јавно одржува слични крајнодесничарски политички гледишта и се гордее со блиски врски со Кремљ.
Во февруари оваа година рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин лично го посети Шешељ во Белград . За време на средбата двајцата заклучија дека иднината на Србија е на исток, на Косово - во Србија, а на Крим - во Русија.
Хрватскиот град Вуковар останува тажно познат во историјата по српската окупација и наредбата на Шешељ од него ниту еден етнички Хрват да не го напушти градот жив. Неговите обиди да ја „исчисти“ и Војводина остануваат во архивите со неговата намера „да не убиваме никого, туку само да ги качиме во автобуси и да ги однесе до хрватската граница“.
Водечки принцип на Шешељ е: „Каде што има српски гробови, таму треба да е и српска земја“. Имено - денешна Србија, Косово, Македонија, Босна, Црна Гора и поголемиот дел од Хрватска.
Шешељ одговара вака: “Тие немаат докази дека сум учествувал, поттикнувал, прикривал или повикувал на воени злосторства“.
Се смета дека додека неговите поддржувачи се добро потпрени на територијата на поранешна Југославија во обидот да се реализира визијата на лидерот за создавање на „Голема Србија“, Шешељ е строго е координирансо налозите на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, кој почина од срцев удар во Хаг, и со претседателот на босанските Срби Радован Караџиќ, кој минатиот четврток доби 40-годишна затворска казна за геноцид и злосторства против човештвото.
Кој е Шешељ?
Воислав Шешељ е роден во 1954 година во босанската престолнина Сараево. Уште млад е познат како брилијантен академски ум откако завршува право, брани докторат и станува еден од најмладите наставници во сараевскиот правен факултет. Подоцна е исклучен од универзитетот и лежи две години во затвор поради националистичка реторика.
Откако ја отслужува казната, Шешељ продолжува „да се бори“ со комунистите, се зближува со поддржувачите на забранетите од режимот паравоени движење на Четниците, обвинувани со блиски врски со нацистите од времето на Втората светска војна.
По падот на Тито Шешељ сам го заснова своето „Српско четничко движење“ во 1990 година и во истата година е уапсен повторно - овој пат обидува да го уништи мавзолејот на поранешниот комунистички лидер - Куќата на цвеќето во Белград.
Од затвор се кандидира за претседател на првите слободни избори во Југославија, но неговото претставување тешко може се смета за успешно. Патот на одобрување во политичкиот живот продолжува со формирањето на „Радикалната партија“, што води до првиот пратеничк пост за Шешељ.
По 1998 година неговата партија учествува во коалициска влада со партијата на Милошевиќ, а Шешељ станува вицепремиер.
Во 2003 година се покренати обвиненија против Шешељ од судот во Хаг.
Шешељ е одговорен за гонење на политичка, расна и верска основа, депортации и други нехумани дејства, како и за кршење на обичаите на војната од 1991 до 1993 година . За разлика од Караџиќ, кој се крие повеќе од една деценија, Шешељ се предава доброволно .
