Фалсификувани документи за бугарски пасоши, бугарски државјанин приведен во Албанија
49-годишен Бугарин е приведен на граничниот премин Блатo кај Дебар откако бил фатен со 21 сомнителен фалсификуван документ, кои наводно биле користени за обезбедување бугарски пасоши на разни граѓани, во операцијата „Идентитет“ која траела еден месец.
Според истрагата, постои сомневање дека документите се дел од шема за креирање лажни уверенија за престој, кои потоа биле користени за аплицирање за странско државјанство.
По случајот, уапсени се и поранешниот администратор на единицата Острен, Бајрам Мата, и Ндричим Сула, сегашниот администратор на оваа единица, кои се осомничени дека издале лажни документи спротивно на законот при вршење на своите должности.
Истрагите траат околу еден месец и доведоа до разоткривање на сомнителната шема, додека властите продолжуваат да работат на идентификување на други вклучени лица. Случајот е дополнително истражуван од надлежните органи.
„Како резултат на спроведените истраги, структурите на Одделот за гранична полиција во Дибер, во соработка со Комесаријатот за гранична полиција во Дибер, под раководство на Обвинителството во Дибер, успешно ја финализираа Полициската операција со код „Идентитет“, каде што, како резултат на тоа, на излезот од ГП Блато, беше приведен граѓанинот Е. Т., 49 години, жител на Софија, Бугарија. При физичкиот претрес извршен од службите на Граничната полиција, во возилото што го управувал овој граѓанин, пронајдени се 21 сомнителна фалсификувана документација за 21 различен граѓанин, со цел да им се обезбедат бугарски пасоши. Исто така, материјалите се упатени до Јавното обвинителство, каде што е покрената кривична постапка против граѓаните: Н. С., 53 години, жител на село Острен, со должност администратор на административната единица Острен, општина Булќиза; Б. М., 62 години, жител на село Лејчан, поранешен администратор на административната единица Острен, општина Булќиза. Овие „Двајца граѓани, при вршење на своите должности, се осомничени дека сториле дела спротивни на законот, со издавање и фалсификување документи за граѓански статус за разни лица, со цел да добијат бугарски пасоши“, се вели во соопштението на албанската полиција.
