Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фалсификувана облека од брендовите Адидас и Поло задржана на царина

Фалсификувана облека од брендовите Адидас и Поло задржана на царина
Поради сомневање дека претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, мобилните царински тимови привремено задржаа 349 блузи со лого на трговските марки Adidas и Polo, откриени при контрола на разна стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Струга, соопштуваат од Царинската  управа на Макдонија. Сомнителната стока била наменета за фирма увозник од Гостивар. Пазарната вредност на стоката, доколку би се продавала како оригинал, се проценува на околу 375 илјади денари.
Слично

Поврзани вести