ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАЛАТ ПРОДАВАЧИ, ЕДУКАТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ: Германија ќе треба да пополни над 700.000 работни места

ФАЛАТ ПРОДАВАЧИ, ЕДУКАТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ: Германија ќе треба да пополни над 700.000 работни места

На Германија ѝ недостасуваат продавачи,  едукатори, социјални работници и лица за нега, како и многу други квалификувани работници. Ситуацијата брзо ќе се влоши, предупредува Институтот за германска економија (IW) во нова студија.

Институтот проценува дека недостигот од работна рака ќе се зголеми и дека до 2028 година бројот на празни работни места ќе се зголеми на околу 768.000, во споредба со 487.000 минатата година, објавува германската новинска агенција (DPA).

„Главната причина се демографските промени. Многу луѓе ќе се пензионираат во наредните години“, вели авторот на студијата Јурек Тиедеман.

Најголем недостиг се очекува кај продавачите, а бројот на отворени и непополнети работни места би можел да се зголеми од 12.900 на 40.470.

На второ место се едукаторите, на кои ќе им недостасуваат околу 30.800, по што следат социјалните работници и педагозите, со повеќе од 21.150 работни места. За три години ќе има недостиг од околу 21.350 здравствени работници.

ad
Слично

Поврзани вести