Факултетот за драмски уметности уште еден во низата поддржувачи на студентите против државен испит
На денешната трибина организирана од Студентскиот пленум со тема „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“ Факултетот за драмски уметности информираше дека се против било каква дебата за воведување на државен испит за студентите, изјави професорот Небојша Вилиќ.
-Со големо задоволство сакам да ви соопштам една информација. Доаѓам од наставно-научниот совет на Драмскиот факултет во Скопје кој едногласно отфрли било каква дебата, а не па да му одговори на ректоратот, како ние мислиме да се спроведе тоа, изјави професорот Небојша Вилиќ.
Тој нагласи дека немало не сакале да чекаат другите факултети што ќе одлучат како што самиот ги нарече “големите играчи“ во бизнисот на образованието.
-„Кој друг ако не уметниците. На нас на кои ни е преку глава од реформите“, рече професорот Вилиќ на трибината на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
- Ги следам сите активности и цела стратегија на студентскиот планум и кажувам браво (алал да ви е). Реформите нека не не залажуваат. Реформата не значи ништо доколу таа нема пред се далекувидост. Мораме да разбереме и прифатиме дека реформите се прават само заради реформите, истакна професорот Вилиќ.
(ФОТО: Радио моф)
