Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Факултет за бизнис економија”: 80 % од нашите студенти се вработуваат по дипломирањето!

„Факултет за бизнис економија”: 80 % од  нашите студенти се вработуваат по дипломирањето!
Со школарина од 250 евра по семестар, афирмиран професорски кадар и наставна прогарама пренесена од Универзитетот во Ајдахо во изминатиот осумгодишен период успеавме да се наметнеме како атрактивна високообразовна институција за идните менаџери, финаниски работници и маркетинг експерти, вели во интервју за Фактор Весна Стојанова продекан за настава на „Факултетот за бизнис економија“ Фактор Дали приватните факултети успеаа да го најдат местото под сонцето во високо образовниот систем во Македонија? Стојанова Полека но сигурно, приватните факултети ја остваруваат својата улога на коректор и конкурент на системот на високо образование во земјата, притоа не заборавајќи го фактот дека за разлика  од државните универзитети, приватните сопствениот  раст и развој го остваруваат исклучиво со сопствени средства. Во иднина квалитетот ќе биде оној кој ќе прави разлика меѓу едните и другите. И воопшто не е случајно што во моментов исклучително сме насочени како да го одржиме  и во исто време зголемиме квалитетот со кој расолагаме и сакаме да располагаме на Факултетот за бизнис економија. Фактор Колку приватните факултети влијаат врз квалитетот на државните високообразовни институции? Стојанова Нас ни е повеќе од јасно  дека единствено загарантиран долгорочен успех ќе обезбедите само доколку непоколебливо инсистирате на задоволни студенти „натоварени со знаење и вештини “ кои  пазарот лесно ќе ги препознава. Не помалку внимаваме посветуваме  и на љубезниот однос на нашите вработени кон почитуваните корисници на нашите образовни услуги., како и на прилагодувањето на  цените на услугите кон стандардот на студенитете . Студентите се особено задоволни бидејќи на сите часови се работи во мали работни групи од 15-20 студенти. Имаат интерактивна настава со повеќе наставници, виртуелни искуства преку студии на случај и дискусии за примери на успешни бизниси  од светот, а во поново време и он-лине предавања од професори од Универзитетите во САД и ЕУ. Покрај ваквата динамика на настава, студентите, во рамки на предметните активности симулираат  бизнис компании,  вршат истражувања на пазарот, на институциите во државата, редовно одат на пракса во земјата и во странство, така што  дипломците се чувствуваат подготвени  да се вклучат на работното место според нивниот профил. Ние искрено се надеваме  дека ваквите позитивни и квалитетно различни искуства во процесот на студирање сепак ќе придонесат за создавање на клима на промени и фаќање чекор со светските трендови во високото образование. Дотолку повеќе што нашите студенти (и на додипломски и  на последипломски студии), се почесто одат на студиски престои низ европските универзитети преку програмата Еразмус. Консеквентно нивните очекувања и критериуми за успешност/атрактивност на студиите се унапредуваат и изоструваат, па извесно е дека ќе придонесат и за повисоки барања во однос на квалитетот што им се нуди на универзитетите во Земјата. Фактор Што во  денешни услови треба да направи една приватна високо образовна институција за да ги привлече потенцијалните студенти? Стојанова Покрај развивањето на уникатна, интерактивна бизнис  програма, развивање на современа методика на настава и реклама, исто така е потребно и континуирано и навремено унапредување  на вклучените наставни содржини,  согласно светските трендови во образованието, но секогаш имајќи ги во вид потребите на студентите (било за полесно совладување на програмските содржини, било за полесно вработување). Фактор Гледано од бизнис аспект, кој сегмент од образованието е по коњуктурен, додипломските  или последипломските студии? Стојанова Додипломските студии се поактуелни, но со оглед на фактот дека образовниот процес не само кај нас туку тоа преставува и светски тред, продолжува да се надоградува со повисок степен на студии, мислам дека се поблиску е времето кога се поголем број на дипломирани студенти ќе се определуваат својот образовен процес да го надоградуваат со нов степен односно последипломски и докторски студии. Токму и затоа ние го формиравме Институт за бизнис и економија на кој веќе се реализираат студии за идните последипломци, а во скоро време и докторанти. Фактор „Дипломи заради дипломи” или „знаење поткрепено со диплома”. Кој концепт е пооправдан гледано и од временски и од финансиски аспект? Стојанова Знаењето секогаш било и  ќе биде пооправдано. Меѓутоа, за да биде и општествено прифатено, при вработување во приватниот или јавниот сектор,на домашниот и странскиот пазар, секогаш  треба да биде  барано знаење, а не само диплома, Впрочем конкурентноста на пазарот ја прават знаењата и вештините на вработените. Токму и поради тој факт кај нас се посветува исклучително внимание ,  да се пренесе знаење и вештини кои во иднина лесно ќе бидат имплементирани од страна на идните дипломци на работните позиции на кои ќе биде ангажирани. „Диплотата заради диплома” сама по себе почна да ја губи смислата посебно доколку се има предвид фактот на огромниот број на дипломирани  и невработени студенти од една страна и пренатрупаноста со кадар во административниот сектор. А приватниот капитал не дозволува импровизации. Фактор Која е целната група на студенти кон која се фокусира Факултетот за бизнис и економија? Стојанова Првенствено тоа се млади, спремни да започнат сопствен бизнис, оние кои стекнале претходни  деловни знаења  во средното образование,. Нашиот фокус на интерес се студенти „гладни за знаење„, амбициозни и непоколебливи млади луѓе кои веруваат во себе и својата иднина. Со оглед на висината на школарината (  250 евра семестар) материјалниот статус не е пресуден . Сакаме да бидеме достапни за секој еден бруцош кој одбрал својата идна професија да ја трасира излегувајки квалитетно поткован со знаење од нашите клупи. Не ретко наш фокус на интерес се и оние млади луѓе кои не ги оствариле своите аспирации на државните универзитети, па се префрлаат на нашиот Факултет или Институт за бизнис економија. Фактор Зошто Факултетот за бизнис  економија станува се поинтересен за идните студенти? Стојанова Уште од своето основање во 2006 година, Факултетот за бизнис економија разви посебен програмски пакет и методика на настава, кои обезбедуваат интерактивна настава, студирање низ пракса на водње виртуелен  бизнис, и кај студентите ја поттикнува желбата кон  учење заради знаење. 80% од нашите дипломци се вработуваат набрзо по дипломирањето, а и според резултатите од нашите истражувања, работодавачите се задоволни од нивното знаење и снаоѓање на работното место. Фактор Дали освен наобразба студентите стекнуваат вештини со кои утре полесно би се вработиле? Стојанова Нашите дипломци се оспособуваат за да одат на интервјуа за работа, да започнат сопствен бизнис и/или да се вклучат во бизнисот на нивните родители. Секако треба да напоменеме дека имаме и голем број возрасни студенти, кои го надополнуваат своето образование заради развој на кариерата или започнување на сопствен бизнис. Фактор Дали атрактивноста на Факултетот за бизнис и економија е во студиските програми кои ги нуди, квалитетниот професорски кадар или во прифатливите цени за студирање? Стојанова Сите овие, се елементи, кои го издвојуваат Факултетот за бизнис економија, од останатите приватни и држави универзитети во земјата. Почнувајќи од наставната програма за интегрирано бизнис образование, што ни ја пренесоа колегите од Универзитетот во Ајдахо, наградена како уникатен и оригинален пристап во бизнис образованието во САД, па преку професорите кои се афирмирани научни работници и долгогодишни педагози, се до вклучително и школарината која е достапна за постојната платежна моќ во земјата од  250 евра по семестар . Посебна погодност за студентите е што на нивно барање им се овозможува и плаќање на рати, а за најдобрите студент се одобруваат целосни или делумни стипендии. Воедно за студентите на ФБЕ кои ќе решат да го продолжат своето образование на Институтот за бизнис образование, им одобруваме соодветни попусти како на наши студенти, но одобруваме и групни попусти за студенти од исто семејство или претпријатие. Од оваа учебна година, согласно промените во законската регулативи, ФБЕ се акредитираше за реализација на додипломските и последипломските студии на македонски и на англиски јазик. Така што нашите студенти можат да користат широка литература од околу 3.000 наслови во нашата библиотека, на повеќе светски јазици. Исто така достапна е и електронска библиотека од уште неколку илјади  наслови. Сите погоре изнесени карактеристики на системот на високо образование присутен на нашиот Факултет за бизнис економија, ги  обезбедуваат препознатливоста и  интересот за студирање, за што сведочи и растечкиот број на студенти. Воедно да напоменеме дека на Шангајската листа Факултетот за бизнис економија беше евалуиран на 8 место од сите постојни универзитети во Република Македонија. Фактор Каде го гледате Факултетот за бизнис и економија после 5 години? Стојанова Нашата визија и мисија се:  Факултетот за бизнис економија да прерасне во меѓународно препознатлив универзитет, кој на студентите ќе им нуди уникатни знаења како и до сега, најсовремена методика на настава (постојано развивана и унапредувана низ моделот на интегрирана и виртуелна настава), плус,  сето тоа надополнето и со взаемни студиски престои на нашите студенти  и професори низ универзитетите во ЕУ и во САД . Ирена Ристовска
Слично

Поврзани вести