ФАКТОР СТОРИЈА: Кога улицата ти е единствениот верен пријател!!!
Неџад Бајрамовски-14 години живее под ведро небо. Улицата е неговиот дом, иако има семејство кое живее во Скопје, браќа и сестри раштркани низ светот. Неколкумина се во Србија, ги има и низ Европа, но сепак тој повеќе од една декада живее сам. Има само 36 години, а животот уште од мали нозе го научил сам да преживува и да се снаоѓа во суровата реалност -без храна, топла облекa и дом.
Вели дека дури и не памети како е да имаш покрив над главата, за него небото е единствената заштита. Но, изненадувачки на секој нов ден се радува како на посебен, како да е празник. Вели, дека секојдневно е пред очите на скопјани, покрај споменикот на Мајка Тереза, во центарот на градот. Покрај него минуваат само брзите чекори на граѓаните, кои ги чекаат семејствата, роднините, пријателите а тој и на разденување и на крајот од денот останува сам. Во Скопје, вели тежок е бездомничкиот живот, постоите а никој не сака да ве види, ниту со широко отворени очи.
“Шест месеци не бев тука, кога во Србија, кога низ разни градови. Во Скопје имам татко, фамилија, но се сеќавам само како низ магла, дека сме живееле некогаш убаво. Денес, секој гледа за себе. Додека бевме мали, бевме браќа и сестри, денес се загуби тоа. Имам браќа и сестри во Србија, не се далеку ама си имаат фамилии. Некои се тука, ама никој не сака туѓа грижа. Работам се што ќе најдам, за парче леб, и салама до душа. Сакам и по некое парче салама да каснам” -низ смеа вели, Неџад.
Додава, мора некој денар да имам и за цигари. Со нив, полесно му поминува маката. Тежок е животот на улица.
“Има и добри луѓе кои поминуваат низ улица Македонија, веќе ме знаат, ми помогаат, но има и лоши, не те погледнуваат. Сум побарал помош во социјалното, ама креваат раменици. Немам улица, немам адреса и надлежните ми бараат, велат кога ќе најдеш улица ќе може да примаш и социјална помош. Се дичам на себе, што иако на улица, не сум подлегнал на пороци, не отидов по лош пат, да станам наркоман, алкохоличар или да крадам. Јас сум кај споменикот на Мајка Тереза, секој ден. Таму спијам во еден ќош, позади, но сакам да станам весел, насмеан и да го продолжам животот, зашто само на него му се радувам. Работам што ќе најдам, прашувам ако му треба на некој работа, било што се снаоѓаш. Продавам списание, и земам по некој денар, да си купам што ми треба. Ги трошам парите за храна најмногу, за што друго?”
Бездомникот, Неџад Бајрамовски, е еден од редовните посетители на пунктот за бездомници на Црвениот крст кај Момин поток. Секој петок, еднаш неделно, оди да се избања, да се види со бездомниците кои ја делат неговата животна судбина, со социјалните работници и активистите на Црвениот крст кои работат со бездомниците.
“Во петок доаѓам да се избањам, млад човек сум, земам нова облека, ќе каснам, ќе помуабетам со луѓето. Веќе сите овде ме знаат, ме познаваат. Најтешко е во зима, кога немаш каде да преспиеш, а надвор студи, смрзнуваш. Тогаш доаѓам овде, некогаш и преспивам кога ќе има можност” -вели Неџад.
Пунктот за бездомници во Момин поток, работи секој понеделник и петок. Функционира од 2008 –та година. Таму работи цел тим од стручни работници и активисти на Црвениот крст, (лекар, социјален работник, служби за одржување на хигиената и набавки на продукти и облека) кои им се потребни на бездомниците. Во петок има целосни услуги, бидејќи тогаш бездомниците се бањаат, добиваат чиста облека, има бербер кој ги потстрижува, лекар кој ги советува и им дава лекови по потреба, бидејќи најголемиот дел од нив немаат социјална или здравствена заштита. Прифатилиштето за бездомници се отвара кога има екстремно ниски температури или лица во тешка здравстевна состојба, но само привремено, додека не се најде соодветно решение или институција за сместување која ќе продолжи со грижата –велат од Црвениот крст. Можностите и финансиите, велат, се сепак ограничени.
Драгана Лазаревска скоро две години работи како социјален работник во пунктот за бездомници. Вели, оваа работа воопшто не е лесна. Се работи за ранлива категорија на луѓе, со свои потреби и животни стории кои нималку не се лесни, а често се пропратени со пороци, нарушено здравје и различни карактерни особини кои ја отежнуваат комуникацијата. Работата на социјалниот работник, особено во ваква средина треба да продре од психолошкиот проблем и осаменоста со која се соочуваат бездомниците, до егзистенцијалниот проблем и борбата за корка леб. Овде, вели Лазаревска сте професионалец, со повеќе одговорности, и психолошки и педагошки и здравствено-социјални.
“Во пунктот сум од април минатата година. Не е лесно да се работи со овие луѓе. Ова е една од потешките категории на граѓани, кои се социјално-ранлива категорија и кои бараат посебен третман и внимание. Отпрвин имав малку трема и страв за тоа како ќе работа и како ќе се навикнам, но веќе се соживеав со нив, со нивните маки и проблеми, со нивната страна на вистината. Многумина од нив имаат асоцијално однесување, пороци како коцка, алкохол и дроги, но мора да им се помогне, да ги ислушаш, да ги насочиш каде треба да побараат помош, документ или можеби член од нивното семејство.
Многупати, сме им помогнале да си ги најдат блиските и да продолжат да комуницираат со нив. Бездомниците имаат потреби во однос на социјалниот дел кој го покриваме, кој се однесува за вадење на потребната документација која им е потребна за остварување на некое право, добивање на парична помош, туѓа нега. Соработуваме со институциите и им помагаме онаму кадешто е потребно. За ова време коешто сум, тука ги научив нивните карактери. Мора да има изградена доверба, да ги сослушаш и да продреш до нивната приказна” -завршува социјалниот работник Лазаревска.
Во пунктот за бездомници регистрирани се 87 лица, а дневно доаѓаат по 37 бездомници кои ги користат услугите, земаат облека, некогаш старата ја оставаат да им се испере и повторно си ја земаат, добиваат храна и кревет да преспијат. Има и такви кои двапати во неделата доаѓаат на пунктот. Да позборуваат и да се видат со останатите. Бидејќи тука сите се исти.
С.Б.

Слично