Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор стабилност: Политиката нишани кон бизнисот, не ќе е на арно!

Фактор стабилност: Политиката нишани кон бизнисот, не ќе е на арно!
Политичката нестабилност во Македонија ќе предизвика сериозен удар врз бизнисот и воопшто врз македонската економија. 2013 ќе биде тешка година, имајќи ги предвид актелните случувања во земјава. За здрава економија потребна е стабилност во секоја смисла на зборот, вели за Фактор, универзитетскиот професор Предраг Трпески. „Факторот стабилност подразбира се.  Политичка, макроекономска, социјална стабилност.  Кај нас во овие моменти се е разнишано. Политичката стабилност е нарушена со последните случувања во Собранието со и околу донесувањето на буџетот за 2013 година. Меѓуетничните односи не се на ниво на кое што треба да бидат, само до пред извесно време имавме сериозни инциденти. Социјалната стабилност е исто така нарушена, ако се има в предвид дека третина од граѓаните живеат во сиромаштија, а голема е бројката и на невработени. Ваквите збиднувања битно влијаат врз обемот на инвестиции и на домашни и на странски инвестиции кои пак се клучниот двигател на економскиот раст“, изјави за Фактор универзитетскиот професор Предраг Трпески. Според него,  со вакви политички збидунувања какви што имаме, Македонија во 2013 не треба да очекува значјни економски поместувања. Економијата нема да остане имуна на политичките состојби Дека политичките превирања во Македонија ќе остават белег врз економијата, смета и универзитетскиот професор Шенај Хаџимустафа. „Самата политичка стабилност влијае врз квалитетот на функционирање на институциите, а сето тоа на крајот ќе влијае и на нивото на остварување на стопанска активност во земјата, од што пак ќе зависи колкав раст на економијата ќе оствари државата и каков ќе биде квалитетот на животот. Секако последните случувањата имаат влијание и економијата нема да остане имуна на политичките состојби“, изјави Шенај Хаџимустафа, универзитетски професор од ЈИЕ. Според Хаџимустафа за она што се случува опозицијата има легитимно право да го изрази својот став. Бизнисмените очекуваат тешка година  Бизнис ешалонот секако очекува тешка 2013 година. Нарачките од странство ќе бидат проблем и во првата половина од оваа 2013, ликвидноста исто така, дополнително сега политичките превирања во земјава повеќе од сигурно е дека ќе ги влошат стопанските текови и уште повеќе вкупните економски движења. Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов веќе посочи дека политичката стабилност секогаш е значаен фактор за економскиот раст. Според него политичките тензии можат да го поткопаат економскиот раст и да ја зголемат цената за одржување на макроекономската стабилност. М.И.
Слично

Поврзани вести