Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор слави 13 години постоење – 13 години економска вистина и аналитички поглед кон Македонија и регионот

Фактор слави 13 години постоење – 13 години економска вистина и аналитички поглед кон Македонија и регионот

Од самиот почеток, Фактор е препознатлив како водечки портал за економија и бизнис, медиум кој секогаш оди подлабоко – не само да информира, туку и да анализира, да критикува и да отвора теми кои другите ги премолчуваат.

Во изминативе 13 години изградивме кредибилитет и доверба кај нашите читатели, бизнис-заедницата и институциите. Нашите економски анализи се цитирани, нашите вести поставуваат стандарди, а нашата независност и острина во коментарите го прават Фактор релевантен и потребен.

Овој роденден е повод за гордост – но и обврска да продолжиме уште посилно. Благодарност до нашите читатели кои со години се нашиот најголем капитал, и до деловните партнери кои ја препознаваат вредноста на економската вистина.

Фактор останува медиум кој не се плаши да постави прашања, да бара одговори и да биде чувар на економската реалност.
13 години зад нас – иднината е нашиот следен предизвик.

Да ни се множат! 

Слично

Поврзани вести