Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ПЛУС АДРИА: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за 2 проценти повисок од тој на СДСМ

ФАКТОР ПЛУС АДРИА: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за 2 проценти повисок од тој на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ има за 2 проценти повисок рејтинг од СДСМ. Ако изборите се одржат во недела, 58% од граѓаните изјавиле дека ќе излезат на избори, 32% нема да излезат и 10% не знаат. Ова се податоците од анкетата политички барометар која во март ја направи Фактор Плус компанијата. Од анкетираните граѓани 80% знаат за кого ќе гласаат, а 20% не знаат сè уште. Највисок рејтинг од партиите има ВМРО-ДПМНЕ и тоа 27.5%, СДСМ 25.2%, ДУИ 10.5%, ДПА 4.8%, 3.1% не сакале да одговорат за кого ќе гласаат, 25% се изјасниле како неопределени, а за некој друг ќе гласаат 3.9%. Во однос на претходниот месец, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од 28.9 паднал на 27.5%, на СДСМ од 24.6 се зголемил на 25.2%, кај ДУИ од 10 станал 10.5%, кај ДПА од 4.4 пораснал на 4.8%. На прашањето дали се партиите рамномерно застапени во медиумите, 35% одговориле да, во сооднос со нивната сила, 57% кажале не, а не знам одговориле 8%. За севкупната состојба во општеството каде испитаниците можеа да даваат повеќе одговори, 73% чувствуваат загриженост, страв, 54% рамнодушност, 48% надеж, оптимизам, 60% депресивност, 79% незадоволство, бес, 78% слабост, безнадежност. Како приоритети за Македонија граѓаните ги навеле невработеноста, подобрување на секојдневниот живот, здравството, добри односи со Европа, борбата со корпуцијата и криминалот, добри односи со САД, Русија, странски инвестиции, социјална политика и осигурување и слично. Од анкетираните граѓани, 77% го подржуваат членството на Македонија во ЕУ, 16% не го поддржуваат и 7% немаат мислење. На прашањето дали препораките на ЕУ и САД за одложување на изборите ги гледаат како поддршка за демократијата или начин за оставрување на лични интереси во Македонија, 46% кажале дека тоа е за поддршка на демократските процеси, 29% за остварување на личните интереси, 15% кажале дека не знаат и 10% не сакаат да одговорат. Во анкетата беа вклучени 1150 испитаници.  
Слично

Поврзани вести