Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари

ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ

На 132-та седница Владата денеска донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари и одлука за укинување на субвенционираната енергија за потрошувачи од прехранбената индустрија. 

Владата донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб, бел и полубел (сечен на парчиња, или цел).

Одлука ќе важи до 31 мај 2023 година.

ПЕНДИКОВ НЕ ДОЈДЕ НА СУД

Денешното рочиштето за случајот Пендиков, односно судењето за напад од омраза се одложи. Христијан Пендиков не се појави во судот, бидејќи се уште е во Бугарија.

Минатата недела обвинителството ја побара новата адреса на Пендиков во Бугарија за да го повика на распит, а како што објави Фактор, Охридското обвинителство повеќе пати се обидвало да стапи во контакт со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Поради тоа, ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков, објави бугарската НоваТВ, објави Фактор минатата недела.

ВЛАДИКАТА ПЕТАР ОТВАРА ТЕЛЕВИЗИЈА

Нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако вчера Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината - регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата. 

Според информациите на Фактор, зад овој нов медиум кој што би гтребало да почне да зрачи наскоро, стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.

Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се продаваа запленети дуќани, автобус, кварцен камен, а сега на ред дојдоа и хаварисани возила. Дури 154 на број, но не се продаваат како автомобили, туку како старо железо. Затоа и право на учество на аукцијата ќе имаат оние што работат со отпад и за тоа ги имаат потребните лиценци. 

По вчерашната најава на производителите на леб и бели пецива дека ќе престанат со работа следниот ден по објавување на одлуката за зарзнување на цената на лебот на 33 денари, граѓаните во недоумица. Како основен прехрамбен произовд, лебот е еден од најпродаваните продукити во маркетите, па многумина останаа збунети по најавата за прекин со работа, дали ќе има леб во маркетите.

Работникот во текстилниот сектор во првите три месеци е почетник. После година, ако истиот извршува една или две операции, ако е брз, ефективен, работи квалитетно, тогаш може да се смета дека го совладал занаетот.

foto freepik.com/dashu83

Слично

Поврзани вести