ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги коригираше замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот
НОВИ ЦЕНИ НА ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ
Владата на денешната 146-та седница донесе Oдлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.
Согласно одлуката се утврдува цена во висина: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.
ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ИЛЈАДА АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
Пратеникот од политичката партија „Левица“, Борислав Крмов на својот фејсбук профил денеска објави дека во Собранието доставиле над илјада амандмани само за најавените измени на Законот за работни односи.
- Левица против корпоративниот феудализам!
1.111 амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој неуставно, работната недела од 40 часа се зголемува на 60 часа и работниците ќе работат и недела.Вчера ја најави, денеска веќе ја депонираше оставката, потврди за Фактор директорот на Клиничката Болница-Битола, д-р Александар Обедниковски, специјалист ортопед, сипспецијалист трауматолог.
По неполна година дена, тој ја напушта директорската функција, како што вели од морални причини бидејќи во последниве три недели таму се случија два немили настани, две големи трагедии кои силно ја вознемирија македонската јавност. Додека сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата на шест-годишната Јана, која на 22.март почина само четири часа откако беше примена на Детското одделение, по дадена инфузија, во битолската болница, завчера, односно во неделата починало новороденче, само два часа по раѓањето.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
