ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставниот суд ќе одлучува за солидарниот данок
УСТАВЕН ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК ЗА СОЛИДАРНОСТ
Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина.
Oва, како што велат од Судот, значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи.
Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски.ЗА МАРИЧИЌ 2030 Е АМЦИОЗЕН, НО ДОСТИЖЕН ПЛАН ЗА ЧЛЕНСТВО
Две илјади и триесета е амбициозен, но достижен датум, заеднички работиме на таа цел. Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по учеството на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји.
Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава, стои на фејсбук статусот на Маричиќ кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија.ГАЗА Е ПРЕД КАТАСТРОФА
Појасот Газа е под постојано израелско бомбардирање по нападите врз Израел од страна на Хамас на 7 октомври.
Во Газа има „вода, струја и гориво уште 24 часа“ и ако не дојде помош, лекарите ќе можат да „издаваат само потврди за смрт“, рече Ахмед ал-Мандари, регионален шеф на Светската здравствена организација.
Хуманитарната помош, вклучително и испратената од СЗО, е блокирана во египетскиот Синај на границата со Газа, поради немањето договор меѓу Израел и Египет. Појасот Газа е под постојано израелско бомбардирање по нападите врз Израел од страна на Хамас на 7 октомври.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
