ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден масакр во Србија, момче уби 8 луѓе, а таткото на Коста доби 30 дена притвор
МАСАКР ВО МЛАДЕНОВАЦ
Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац во Србија уби осум лица, а рани 14 e oднесен во полициската станица во Смедерево.
Специјалците вооружени го донесоа во бел комбинезон, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу. Има само чорапи на нозете, а неговата облека е испратена на вештачење.
Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, а доцна попладнето пристигнал во полициска станица. Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата. Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој е уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие.
Мештаните велат дека се работело за проблематично семејство.
ТАТКОТО НА КОСТА ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР30 дневен притвор доби Владимир, таткото на Коста Кечмановиќ кој уби осум ученици во училиште и чувар.
Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.
Тој на сослушувањето кажал дека не е виновен.
КАЈ НАС АКТИВИРАНИ МЕЈЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВОМладите, родителите и воопшто граѓаните можат да пријавуваат врсничко насилство на prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. Адресите се веќе активни и по секоја пријава веднаш ќе се постапува.
Mинистерството за образование и наука (МОН) отвори електронски адреси за пријавување на врсничко насилство.МВР СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПОСЕДУВАЊЕТО ОРУЖЈЕ
Mинистерството за внатрешни работи објавува повик за задолжителна замена на дозволите за оружје.
Станува збор за задолжителна замена на дозволите за оружје издадени до 31.12.2006 година
„Сите граѓани и правни субјекти задолжително треба да ги заменат дозволите и овластувањата, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањата за нови дозволи се достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи mvr.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на Министерството за внатрешни работи, според живелиштето на граѓаните, односно седиштето на правното лице, секој работен ден во период од 8:00 до 16:00 часот најдоцна до 04 јуни 2023 година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
