ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ ја повика Владата да се освести, вредноста на минималната кошничка пак порасна
ССМ ЈА АЛАРМИРА ВЛАДАТА ДЕКА ПЛАТИТЕ СЕ ПРЕНИСКИ
Синдикатот ја потврди информацијата на Фактор за вредноста на потрошувачката кошница, која во јули е над 47 илјади денари.
Во нивното соопштение доп медиумите се наведува дека со минималната и со просечната плата на може да се покрие минималната синдикална кошница.
„Вредноста на Синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за месец јули изнесува 47.042 денари, и неа не можат да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени, кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата.
Истовремено имајќи предвид дека инфлацијата од 16 отсто ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин“, се вели во соопштението од Синдикатот.Поради инфлацијата од 16 отсто, Левица повика Владата да си даде оставка.
Според Левица, доколку оваа Влада, која нема храброст да воведе прогресивен данок и сите кризи ги поминува преку грбот на сиромашните, не се распушти, пред нас претстои непосредна хуманитарна криза од погубни пропорции.СРБИЈА ОЧЕКУВА РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА
Над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.
Ова ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, целиот регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи тие полесно ќе ги најдат работниците што им недостасуваат, сметаат експертите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Добра вест стигна од Народната банка.
Во јули се зголемиле девизните резерви на државава, откако претходниот месец имаа намалување.