Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 600 евра, а сите други плати да се зголемат за 100 евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 600 евра, а сите други плати да се зголемат за 100 евра

ССМ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОТЕСТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) ќе поднесе Закон да се намалат функционерските плати, а да се зголемат работничките плати.

Слободан Трендафилов од ССМ порача од протестот дека нема повеќе да се молат, туку ќе се борат за повисоки плати. 

„Денеска сме тука за нашите деца, за нашите ќерки и синови, за нашите внуки и внуци. Денеска сме тука да се бориме мизерните плати да се зголемат. Владата и газдите одбиваат да го сторат тоа и одбиваат да им помогнат на нашите семејства“, рече Трендафилов. 

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на тие на функционерите. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест и бара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за 100 евра.

ОЈО ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА ТВРДЕЊАТА НА ЖАН МИТРЕВ ЗА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ

Јавното обвинителство ги проверува наводите на Жан Митрев, кои докторот ги изнесе во интервју, дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, го принудувале да им ја продаде неговата приватна болница.

„Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката“, велат од ОЈО.

НИКОЛОСКИ ОД ХРВАТСКА ПОБАРА ПОДДРШКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ПРЕВОЗНИЦИТЕ

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, изјави вицепремиерот Александар Николоски, кој денеска во рамки на работната посета на Загреб се сретна со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска.

„Средбата е од големо значење заради потенцирање на проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан, а се со цел обезбедување на силна подршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската евиденција и работната активност во шенген зоната. Ваквата состојба претставува сериозна закана за економската стабилност и развој доколку не се изнајде решение“, порача Николоски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија ќе земе кредит од 40 милиони евра од Кредитната банка за обнова – КфВ кој ќе биде наменет за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици. Како што е наведено во законот доставен до пратениците вкупниот износ на заемот кој ќе го додели КфВ изнесува 40.000.000 евра. 

На берзите цената на алуминиумот се зголемува, а во отпадите во Македонија, граѓаните носат лименки, алуминиумски делови од мебел и од автомобили. Цените за килограм се до 90 денари. На берзите месецов, тон алуминиум чинеше над 3.100 долари.

Минатата година по подолго време на подготовки започна практичната примена на Законот за нефер трговски практики чија замислена цел, барем по она што беше деларативно изнесено пред јавноста, беше да ги стабилизира цените на продуктите во малопродажбата.

Слично

Поврзани вести