ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 500 евра, но и зголемување на другите плати
ССМ ПРОТЕСТИРАШЕ СО БАРАЊЕ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА
Oд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на протест побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора и од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра.
Рекоа дека доколку тоа не се случи, може да има генерален штрајк и протести.
НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО, СВЕДОЧЕШЕ КЕШИШЕВ
Во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски бил запишан како „царот“.
Ова денеска беше кажано на новото судско рочиште. Влатко Кешишев посочи дека Палевски и Велибор Манев биле одговорни за плановите, а тој не бил присутен за време на договорите. Се разговарало за грабнувања, но не и за убиства. Според Кешишев идејата за грабнување од конкретната зграда била на Палевски. Обвинетиот кажа дека не ги познавал Ѓорчевска и Жежовски, ниту таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.СЕ ВРАТИЈА ПАЦИЕНТИ ОД ГРЦИЈА И ШВЕДСКА
Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.
Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.УТРЕ ЌЕ ИМА СРЕДБА МИЦКОСКИ - ФИЛИПЧЕ
Средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе има утре во Владата, во 14 часот.
„Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.
Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.
Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
