ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се зголемува минималецот, работниците ќе земаат 20.175 денари
СЕ ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ
Годинава ќе ја завршиме со 7,1 отсто инфлација, а минималната плата во 2024 година ќе се доближи до просечната плата од 2016 година, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21.СЕМЕЈСТВОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ Е ЗАГРИЖЕНО ЗАТОА ШТО НЕМААТ НИКАКВА ИНФОРМАЦИЈА
Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски, веќе 10 дена чека да слушне информација дали тој е жив. Семејството испраќа молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација да го најдат. Самоил е внук на македонскиот политичар, Љубе Бошкоски, има три годишно дете, а второто е на пат.
ПОМАЛКУ МАКЕДОНЦИ ДОБИВААТ БУГАРСКИ ПАСОШ
Се помалку Македонци сакаат да станат бугарски државјани во последните три години Причината за новиот тренд се новите правни спорови, а не толку билатералните односи и ветото на Бугарија во преговорите на Северна Македонија со ЕУ, објави 24 Часа.
Во 2019 година се отворени 10.688 досиеја за барања на Македонци за државјанство по основа на нивното бугарско потекло, покажуваат податоците на Министерството за правда за „24 Часа“. Во следните 3 години пак, тие изнесувале нешто повеќе од 8.000.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ситни акционерски промени се случиле во домашната фармацевтска компанија „Реплек“.
Компанијата, преку ценовно чувствителна промена на Берзата извести дека еден од акционерите, Владимир Пецовски купил четири акции, додка, пак, Славица Туџарова-Трајковска, продала 24 акции.