ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се ограничува трговската маржа за електрична енергија, а во меѓувреме поскапе минималната потрошувачка кошничка
БЕКТЕШИ НАЈАВИ ДЕКА СЕ ОГРАНИЧУВА ТРГОВСКАТА МАРЖА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Министерот Крешник бектеши објави дека е даден предлог од Министерството за економија денеска до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија.
- Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар, рече Бектеши.
Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт.
- Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, наведе тој.ПОСКАПЕ ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави колку изнесувала минималната кошничка во август. Велат дека животните трошоци се прескапи.
Последните податоци од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8 отсто инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари.ЗАЕВ СМЕТА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, претежно за бугарските медиуми, изјави дека Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“
Заев присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.ЧАРЛС ТРЕТИ СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА
Знам дека нашите нови принц и принцеза од Велс ќе продолжат да инспирираат и да ги водат нашите национални дискусии, изјави Чарлс Трети во своето прво обраќање како крал до нацијата.
Новиот британски крал Чарлс Трети ги прогласи принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт за војвода и војвотка од Велс, предавајќи им ги титулите што претходно ги носеа тој и покојната принцеза Дијана.РУСИТЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ТРИ ГРАДА ВО УКРАИНА
Русите евакуираат цивили од три града во источна Украина поради украинската офанзива.
Официјален претставник назначен од Русија во украинската област Харков, Виталиј Ганчев објави дека цивилите се евакуираат од три територии под руска контрола во регионот поради опасност од украинска контраофанзива.
Ганчев во директен пренос на руската државна телевизија „Русија 1″ рече дека цивилите се евакуираат од градовите Ижиум, Купјанск и Велики Бурлук.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
