ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции во Европа за царините што ги воведе Трамп, нашата Влада вели дека тие биле очекувани
ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ РЕАГИРААТ ЗА ЦАРИНИТЕ КОИ ГИ ВОВЕДЕ ТРАМП
Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп се главна тема во Европа.
Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска објасни дека царинските мерки што ги воведе Трамп претставуваат економска катастрофа за светот и ќе создадат сериозни тешкотии за Европа.
„Ова не е само проблем за Европа – овие царини ќе бидат катастрофални и за самите САД и за американските граѓани, нагласи Бајру во изјава за медиумите“, пренесуваат БФМТВ и „Ле Фигаро“.ЗА ВЛАДАТА ОВА БИЛО ОЧЕКУВАНО
Владата се огласи со реакција по одлуката на САД на Македонија да и воведе висока царинска стапка од 33 отсто со коментар дека таквиот потег, како што велат од таму, бил најавуван и очекуван, како и дека се работи „за репреговарање на трговските односи во светот“.
Во соопштението испратено до медиумите пишува дека нема простор за паника и дека не треба да се избрзува со реакциите, туку од сега понатаму да се работи „на решавање на проблемот“.
- Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАТКОТО НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ
Поднесен е обвинителен предлог против таткото на Васко Јованов Васо кој на 29 јануари ја прегази Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот Партизански одреди во доцните вечерни часови.
МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА ФОРМИРААТ РАБОТНИ ГРУПИ
Според лидерот на СДСМ, Венко Филипче состанокот со премиерот Христијан Мицкоски кој се одржа денеска во Владата, бил добар и конструктивен. Филипче изјави дека се договориле со Мицкоски да формираат работни групи.
„Договоривме да работиме на начинот, да форимираме тела и работни групи за спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони во делот на правосудството, понатаму енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството. Ова е првичен состанок, да видме каква ќе биде методологијата“, рече Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
