Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работниците излегоа на протест, бараат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работниците излегоа на протест, бараат повисоки плати

ССМ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРЕД ВЛАДАТА

Голем број работници денеска излегоа на првомајскиот протест пред Владата. 

Бараат повисоки плати, затоа што и трошоците за живот растат. 

„Трпението има крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш“, порачаа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.

Пред Владата, покрај синдикалците, беа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

„Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се“, рече Битиќи. 

ГРОМ УДРИ ВО ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС И ЗАПАЛИ СТАН

Гром удри во зграда во Велес во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запали стан на поткровјето. 

Жртви нема, а лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад. Пожарот го гасне противпожарната единица во Велес, а на помош пристигна цистерна од ЈКП Велес. 

РАБОТНИК ЗАГИНА ВО БИТОЛА

Голема гранитна плоча згмечи двајца битолчани, едниот почина, другиот се бори за живот. 

Од СВР Битола за „Независен“ ја потврдуваат несреќата.

„Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, изјави портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова. 

ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ЕВРОПА

Во Париз денеска демонстрантите се судрија со полицијата. Околу 250 митинзи беа организирани во Париз и други градови, меѓу кои Лил, Нант, Тулуз и Марсеј.

Илјадници луѓе денеска учествуваа на првомајските протести ширум Франција, кои во главниот град Париз ескалираа во повремени судири меѓу полицијата и одделни групи демонстранти, објави „Монд“. 

НАЈДЕНИ УШТЕ ТЕЛА ВО БУЧА

Уште три тела на убиени цивили мажи се најдени вчера во Буча во Украина. 

„Рацете на жртвите беа врзани, очите им беа покриени со партали, а на некои им беа затворени устите. На телата има траги од тортура“, стои во соопштението на регионалната полиција на Киев.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести